Средба на Директорот на УВМК г-дин Ѓоко Котевски со Градоначалникот на Општина Аеродром г-дин Златко Марин

Денес на 31.10.2017 година Директорот на Управата за водење на матичните книги г-дин Ѓоко Котевски со Градоначалникот на Општина Аеродром г-дин Златко Марин, остварија работна средба на која стана збор за отворање на службена канцеларија на Управата за водење на матичните книги - Подрачно одделение Скопје во просториите на Општина Аеродром. 

slika

Оваа канцеларија на Управата за водење на матичните книги во Општина Аеродром ќе биде отворена на 22.11.2017 година. Со ова граѓаните на Општина Аеродром ќе имаат можност да поднесуваат барања и да подигаат готови изводи од матичната евиденција во својата Општина. Овој проект е уште една заложба на Управата за водење на матичните книги за приближување на институциите на државната управа до граѓаните и нивните потреби.

Macedonian