Директорот на Управата за водење на матичните книги на средба со градоначалниците на Општина Карпош и Општина Шуто Оризари

Директорот на Управата за водење на матичните книги Г-дин Ѓоко Котевски денес оствари средба со градоначалниците на скопските општини Карпош и Шуто Оризари.

На средбата со градоначалникот на Карпош Г-дин Стефан Богоев стана збор за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Управата и општина Карпош, како и за отворање на посебна услужна канцеларија за граѓаните на оваа општина за поднесување на барања за изводи од матична евиденција и нивно подигнување. Отворањето на оваа канцеларија е планирано за 13.12.2017 година

slika

Директорот Г-дин Ѓоко Котевски оствари средба и со градоначалникот на Шуто Оризари Г-дин Курто Дудуш на која се разговараше за потребите на граѓаните на оваа општина по однос на матичната евиденција и можноста за преселба на Матичното подрачје Шуто Оризари во просториите на Општината. Соработката помеѓу Управата и оваа општина ќе финишира со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двата правни субјекта.

slika

Macedonian