Склучување на брак надвор од службените простории на УВМК

Почитувани,Согласно измените на Законот за семејство во член 26, каде е регулирано склучувањето на бракот, Управата за водење на матичните книги овозможува склучување на брак и надвор од службените простории на Управата. 

За покренување на постапката потребно е да се пополни барање во Управтата за водење на матичните книги. Преземете го барањето од За склучување на брак надвор од службените простории на УВМК се плаќа надомест регулиран со Правилник. Преземете го правилникот од Во прилог е и жиро сметка на која се уплаќа надоместокот, кој согласно критериумите во Правилникот ќе биде одреден и е составен дел на одобрението за склчување на брак надвор од службените простории на УВМК. Преземете ја уплатницата одДополнителни информации за поднесување на барање за склучување на брак надвор од службените простори1. Се пополнува барање за склучување брак надвор од службени прострии (можете да го најдете тукаили во централата на Управата за водење на матичните книги), во барањето секогаш наведувајте телефонски број на кој ќе бидете достапни кога ќе ве бараат од Управата.2. Пополнетото барање се поднесува во архивата на Управата за водење на матичните книги за да биде заверено.3. Примерок од пополнетото барање со архивски број добива странката.4. За 2 - 3 работни дена ќе бидете известени за матичното подрачје што ќе ви биде определено.5. Од како ќе бидете информирани за определеното матично подрачје, брачните другари заедно со изводи од матичната книга на родените и важечки документи за иденјтификација потребно е да направите записник за склучување брак во матичното подрачје кое ќе ви биде определено и да приложите уплата на износ од 100 денари – административна такса и 50 денари за образецот на изводот од матична книга на венчаните кој ќе ви биде даден на денот на свадбата.6. Најкасно 15 дена пред одржувањето на свадбата потребно во централата на Управата за водење на матичните книги да доставите оригинал уплатница за извршената уплата на изводот кој ви бил одреден за излегувањето на матичарот надвор од службените простории.Дополнителни информации можете да добиете во архивата на управата за водење на матичните книги или на телефонскиот број 02/3232 614

Контакт лице за склучување брак надвор од службените простории: Катерина Битровска

Macedonian