Регионалната конференција за систематски решенија за лицата без документи од ромската заедница

Директорот на Управата за водење на матичните книги, г-дин Ѓоко Котевски се обрати на Регионалната конференција за систематски решенија за лицата без документи од ромската заедница одржана на ден 01 ноември 2017 година на која беа споделени регионалните практики за процесот на инклузија на лицата без документи од ромската заедница

slika

 

Управата за водење на матичните книги како дел од меѓуресорската работна група координирана од Министерството за труд и социјална политика а формирана со цел да се надминат проблемите на лицата кои не се евидентирани во матичните книги на родените, дава придонес кон надминување но и инклузија на лицата без документи од ромската заедница.

На оваа регионална конференција пренесени се добри законски решенија и практики од страна на преставниците од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово во насока на надминување на проблемите со кои се соочуваат лицата кои не се евидентирани во матичните книги, кои можат да послужат како добра основа да се отпочне со решавање на проблемите со кои се соочуваат лицата од ромската заедница во Македонија.

 

Macedonian