Признавање на татковство

За признавање на татковство потребни документи се:

1. Копија од лична карта (пасош) од родителите и оригинал за проверка
2. Копија од извод од матична книга на родени од родителите и оригинал за проверка
3. Писмена изјава од таткото

НАПОМЕНА: Задолжително е присуството на двајцата родители.

Ако изводот од матичната книга на родени на мајката нема печат за важност од задната страна, потребно е мајката да извади нов извод од матична книга на родени.

Ако таткото е странски државјанин потребни документи се: Копија од пасош и оригинал за проверка, извод од матична книга на родени од странство преведено на македонски јазик и заверено на нотар и согласност од таткото.