Пријавување на починато лице и издавање на извод од матична книга на умрени

За пријавување на починато лице и издавање на извод од матична книга на умрени потребни документи се:

1. Потврда за смртта (од болница)
2. Лична карта или пасош на починатиот и на пријавителот
3. Извод од матичната книга на родените на починатиот
4. Барање за издавање на извод од матична книга на умрени (Барање)
5. 100 ден. административна такса (Уплатница)
6. Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги (Уплатница)

НАПОМЕНА: Починатото лице се пријавува во рок од 30 дена од денот на смртта.

За издавање на извод од матична книга на умрени потребни документи се:

1. Лична карта на законскиот наследник
2. Барање за издавање на извод од матична книга на умрени (Барање)
3. 100 ден. административна такса (Уплатница)
4. Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги (Уплатница)

Превземете ја листата со ознака на општините