Пријавување на брак кој е склучен надвор од Р. Македонија

За пријавување на брак кој е склучен надвор од Р. Македонија потребни документи се:

1. Лична карта или пасош (за идентификација)
2. Извод од матична книга на венчаните
3. Барање за запишување на бракот
4. 50 ден. административна такса (Уплатница)

НАПОМЕНА: Доколку изводот од матичната книга на венчаните е непотполен, потребно е да се достави и извод од матичната книга на родените.

Доколку изводот не е интернационален, односно изводот е на обичен образец, потребно е превод на македонски јазик и истиот да биде заверен на нотар.

Превземете ја листата со ознака на општините

Macedonian