Правна рамка

Законска регулатива - Упатство за матичните книги и регистри

Законска регулатива - Закони за матичната евиденција

Законска регулатива - Останати закони

Меморандум за соработка помеѓу УВМК и МВР

На ден 11 Јуни 2009 година е донесен Меморандум за соработка за координирање на работите и надлежностите поврзани со граѓанските состојби, матичното работење и државјанството. Меморандумот беше склучен помеѓу Управата за водење на матичните книги и Министерството за внатрешни работи.

Овој меморандум има за цел да обезбеди координирање на работите и надлежностите поврзани со граѓанските состојби, матичното работење и државјанството, кои произлегуваат од Законот за матичната евиденција (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 08/95, 38/02, 38/96, 66/07 и 98/08), Законот за матичниот број на граѓанинот (“Службен весник на Република Македонија“ бр.36/92), Законот за личното име (Службен весник на Република Македонија бр.08/95, 66/07 и 103/08), Законот за државјанството на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр.67/92, 08/04, 45/04 и 98/08), Законот за семејството (“Службен весник на Република Македонија“ бр.80/92, 09/96, 38/04, 33/06 и 84/08), помеѓу Управата за водење на матичните книги и Министерството за внатрешни работи (во натамошниот текст: договорни страни).

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИТЕ КНИГИ И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Macedonian