Корекција на надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории

Почитувани,Согласно член 3 од Правилникот за начинот и висината на трошоците за склучување на брак надвор од службените простории на Управата за водење на матичните книги, а по официјално објавените податоци од Државниот завод за статистика на Република Македонија, се прави корекција на надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории.Надоместокот кој се плаќаше 3.000,00 денари сега изнесува 3102,00 денари, за надоместокот кој се наплатуваше 3.300,00 денари сега изнесува 3.402,00 денари, додека за надоместокот кој изнесуваше 6.600.00 денари сега изнесува 6.804.00 денари. За оваа инструкција итно да бидат информирани сите вработени во подрачните одделенија, подрачните канцеларии и матични подрачја на Управата за водење на матичните книги како и странките кои ќе поднесат барање за склучување на брак надвор од службените простории.Со почит,

Macedonian