Информации од јавен карактер

Врз основа на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер(„Службен весник на РМ бр. 13/06“) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Управата за водење на матичните книги ја изготви следната:

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Листата на информации од јавен карактер на Управата за водење на матичните книги ја сочинуваат следните документи и групи на информации:

Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвила или со која располага Управата за водење на матичните книги со пополнување на Барање за пристап до информации од јавен карактер кое може да се добие во архивата на УВМК или да се преземе - Барање за пристап до информации од јавен карактер

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Управата за водење на матичните книги - Бул. Св. Кирил и Методиј бр.54 1000 Скопје, на е-маил katerina.bitrovska@uvmk.gov.mk, како и на факс 02 3215 406. Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивни интерес што се поврзани со правото на слобден пристап до информации од јавен карактер и на телефон 02 3223 787.

Управата за водење на матичните книги согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи Катерина Битровска.

Macedonian