Електронско поднесување на барање за извод

Почитувани,Ве известуваме дека е ставен во функција порталот за поднесување на барање за издавање на изводи од матичната книга на родени по електронски пат. Можете да аплицирате за издавање на извод на родените на обичен, интернационален или двојазичен образец. Овозможено е лицата кои сакаат да извадат извод од матичната книга на родени, истото да го направат со кликнување на следниот линк e-portal.uvmk.gov.mk, со што ќе можат барањето да го поднесат електронски и соодветно да изберат во кое матично подрачје ќе сакаат да си го подигнат изводот. Лицата кои ќе поднесат апликација за извод, ќе добијат соодвена нотификација на е-маил адресата која е оставена за контакт од нивна страна, кога да дојдат до шалтерите на Управата за да си го подигнат изводот. Напоменуваме дека барање за издавање на изводи мора да се поднесе лично и изводот на шатерите ќе мора да се подигне лично со покажување на документ за лична идентификација. Исто така родител може да поднесе барање за своето малолетно дете. За сите дополнителни информации околу барањето за поднесување на изводот може да го симнете Упатството во кое се објасните сите чекори за барањето или пак контактирајте не по е-пошта на адреса: portal@uvmk.gov.mk

Со почит

Управата за водење на матичните книги

Macedonian