Дополнително запишување на име

За дополнително запишување на име потребни документи се:

1. Копија од лична карта (пасош) од родителите и оригинал за проверка
2. Копија од извод од матична книга на венчани и оригинал за проверка
3. 250 ден. административна такса (Уплатница)

НАПОМЕНА:
На шалтерите на управните служби на Управата за водење на матичните книги се прави устен записник каде што присуството на родителите е задолжително.

Ако се работи за вонбрачно дете или брачните другари се венчани по раѓањето на детето, наместо горенаведениот извод од матична книга на венчани, потребни се изводи од матична книга на родени од родителите.

Превземете ја листата со ознака на општините