Демант во врска со прилогот на Телевизија Сител објавен на 26.12.2017 година

Почитувани,

Во врска со прилогот на Телевизија Сител објавен на 26.12.2017 година, а во врска со реформите во матичната евиденција, Управата за водење на матичните книги, до Телевизија Сител го испрати следниов демант:
Управата за водење на матичните книги реагира на нестручното и некоректното информирање на јавниоста по повод реформите на матичната евиденција кои беа најавени на прес конференцијата одржана на 26.12.2017 година во просториите на Подрачно одделение Скопје на Управата за водење на матичните книги.
За жал новинарската професионалност на новинарот на Телевизија Сител кој го подготвувал прилогот што се емитуваше во вестите во 16 часот, потфрли и тој ја дезинформираше јавноста.
Имено, проектот ,,Добредојде бебе,, кое стратуваше на почетоток на септември годинава во родилиштата во Република Македонија и подразбира добивање на првиот извод на новороденчето уште во болниците, функционира беспрекорно и родителите на новороденчињата се задоволни од овој проект на Управата. Нормално е за еден нов проект дека е потребно време да се ,,развие,, па така бројот на издадени изводи на ваков начин е помал од оној класичниот.
Ако новинарот на Сител не разбрал за што се однесуваше прес конференцијата на споменатиот датум, да појасниме:
Сите новородени кои се родени во петте родилишта во Скопје ќе се запишиваат во Подрачно одделение Скопје, а не како досега по местото- матично подрачје каде се наоѓаат болниците. Изводите на овие деца ќе бидат издадени во рок од пет дена, а истите, родителите ќе може да ги подигнат во било кое место во државата. Тоа значи скратување на време на доаѓање на родителите за пријавување на бебето и удобност, изводот да се добие онаму каде на родителите тоа им е најпогодно. Што значи дека се работи за два различни проекти на Управата за водење на матичните книги .
Со ниту еден збор на прес конференцијата, директорот на Управата за водење на матичните книги г-дин Ѓоко Котевски не спомна дека проектот ,,Добредојде бебе,, не функционира. Поради ова граѓаните во Република Македонија се доведуваат во заблуда.
Поради сето напред изнесено, бараме од Телевизија Сител јавно да објави извинување и демант на изнесените изјави, затоа што сметаме дека објективното новинарство треба да е репер на секој медиум, а истите постојат за тоа граѓаните да бидат коректно и навремено информирани за проектите кои се прават за подобрување на услугите кон нив.
Доколку демантот не биде јавно објавен, Управата за водење н матичните книги е подготвена да поведе кривична постапка притив Телевизија Сител за изнесените невистини во посочениот прилог.
Со почит
Управа за водење на матичните книги

Macedonian