Kанцеларија на Управата за водење на матичните книги во просториите на Општина Аеродром

Почитувани,
Ве информираме дека од 21.11.2017 година во просториите на Општина Аеродром е отворена услужна канцеларија на Управата за водење на матичните книги.
аеродром  
Отворањето на канцеларијата е со цел да се намали времето на чекање на издавање изводи од матичните книги во Подрачното одделение Скопје, каде до сега жителите на Општина Аеродром ги прибавуваа потребните документи, ова значи дека жителите на општина Аеродром кои се родени во другите градови на Македонија нема потреба да одат до нивните места на раѓање за да ги добијат потребните документи.
аеродром  
Отворањето на канцеларијата, како што додаде, е со цел да се приближат институциите на државната управа до граѓаните и нивните потреби и е во согласност со проектот на Владата 3-6-9

Macedonian