Интерен оглас за унапредување на административни службеници

Republika e Maqedonisësë Veriut

Министерство за правда

Ministria e drejtësisë

Управа за водење на матичните книги

Drejtoria për udhëheqjen e librave amë

Бр/Nr.____________

_______________ година/viti

С к о п ј е/S h k u p

 

Врз основа на член 48 од Законот за административни службеници („Службен Весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 05/16, 142/16 и 11/18, и („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19 и 14/20  , член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен Весник на Република Македонија“ бр.11/15 и 35/18) и Правилникот за систематизација на работните места во Министерство за правда-Управа за водење на матичните книги бр.01-3808/1 од 23.11.2015 година, бр.01-1927/1 од 06.06.2017 година, бр.01-4085/2 од 30.08.2018 година, бр.04-4085/3 од 18.10.2018 година, бр.04-4639/2 од 26.09.2018 година, бр.04-751/2 од 30.01.2019 година, бр.01-4064/1 од 27.09.2019 година, Управата за водење на матичните книги објавува,

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2020

за пополнување на (5) пет работни места со унапредување

 

  1. Раководител на одделение за постапување по управни работи од областа на матичното работење,со шифра УПР 0101Б04000, на ниво Б4, Одделение за постапување по управни работи од областа на матичното работење, Сектор за управно-надзорни работи од областа на матичното работење                                                                                          - 1 (еден) извршител

 

                    Посебни услови:

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки
  • најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;

 

Потребни општи работни компетенции:

  •  решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  •  учење и развој;
  •  комуникација;
  •  остварување резултати;
  •  работење со други/тимска работа;
  •  стратешка свест;
  •  ориентираност кон странките/засегнати страни;
  •  раководење и
  • финансиско управување

 

        Потребни посебни работни компетенции:

-   активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски);

-       активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

-       потврда за положен испит за административно управување

 

                      Работни денови: Понеделник до петок,

                       Почеток на работно време: помеѓу 07:30 часот до 08:30 часот

                        Завршеток на работно време: помеѓу 15:30 часот до 16:30 часот

                       Неделно работно време: 40 (четириесет) часа

                      Нето месечна плата: 29.693 денари

 

  1. Самостоен референт-матичар во Подрачно одделение за матично работење, со шифра УПР 0101Г01000, на ниво Г1, Подрачно одделение за матичното работење-Скопје, Сектор за управно-надзорни работи од областа на матичното работење              4 (четири) извршител-и

 

                      Посебни услови

  • ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно гимназиско образование, или средно стручно образование (економска струка, трговска струка или биротехничка струка)
  • најмалку три години работно искуство во струката      

 

Потребни општи работни компетенции

- учење и развој;

- комуникација;

- остварување резултати;

- работење со други/тимска работа;

- ориентираност кон странките/засегнати страни; и

- финансиско управување.

                 

Потребни посебни работни компетенции

  • активно познавање на компјутерски програми за канцеларско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

 

                      Работни денови: Понеделник до петок,

                       Почеток на работно време: помеѓу 07:30 часот до 08:30 часот

                        Завршеток на работно време: помеѓу 15:30 часот до 16:30 часот

                       Неделно работно време: 40 (четириесет) часа

                      Нето месечна плата: 16.464 денари

 

 

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во Управа за водење на матичните книги, кој ги исполнува горенаведените општи и посебни услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и:

  • да е оценет со оцена „А" или „Б“ при последното оценување накое бил оценуван
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
  • да поминал најмалку две години на истото ниво и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:

  • потврди за успешно реализирани обуки
  • потврди за успешно реализирано менторство.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, од денот на објавување на огласот.

Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место (доколку истите ги немаат претходно доставено во персоналното досие) преку архивата на Управата за водење на матичните книги до Одделението за управување со човечки ресурси на адреса Бул. Св.Кирил и Методиј  бр. 54 влез 1-Скопјекако и до службената електронска адреса contact@uvmk.gov.mkсо назнака “за интерен оглас“.

Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.

Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Директорот на Управата за водење на матичните книги.

НАПОМЕНА:Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Краен рок за аплицирање 21.11.2020

Пријава за унапредување ЛИНК