Известување

Се известуваат сите граѓани на Скопје и околината дека, поради реновирање на објектот од страна на Министерството за информатичко општество и администрација каде што е сместена и Подрачната единица - Скопје на Управата за водење на матичните книги на Р.С.М., можат да поднесат барање за извод од матичната книга на родени, венчани и на умрени преку нашиот веб портал https://e-portal.uvmk.gov.mk/external/portalHomePage или да се обратат до поблиската Месна канцеларија на Управата за поднесување и подигнување на истите.

Месни канцеларии на Управата за водење на матичните: Студеничани, Кисела Вода, Чаир, Бутел , Шуто оризари, Чучер Сандево, Ѓорче Петров, Сарај, Маџари, Сингелиќ, Петровец, Илинден и Арачиново.

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,Управа за водење на матичните книги, Подрачно одделение Скопје