Склучување на брак надвор од службените простории на УВМК

Почитувани,
Согласно измените на Законот за семејство во член 26, каде е регулирано склучувањето на бракот, Управата за водење на матичните книги овозможува склучување на брак и надвор од службените простории на Управата.

За покренување на постапката потребно е да се пополни барање во Управтата за водење на матичните книги. Превземето го Барањето за склучување на брак и надвор од службените простории на УВМК

За склучување на брак надвор од службените простории на УВМК се плаќа надомест регулиран со Правилник. Преземете го правилникот.

Во прилог е и жиро сметка на која се уплаќа надоместокот, кој согласно критериумите во Правилникот ќе биде одреден и е составен дел на одобрението за склчување на брак надвор од службените простории на УВМК. Превземи уплатница

Дополнителни информации за поднесување на барање за склучување на брак надвор од службените простори
1. Се пополнува барање за склучување брак надвор од службени прострии (можете да го симнете барањето или во централата на Управата за водење на матичните книги), во барањето секогаш наведувајте телефонски број на кој ќе бидете достапни кога ќе ве бараат од Управата.
2. Пополнетото барање се поднесува во архивата на Управата за водење на матичните книги за да биде заверено.
3. Примерок од пополнетото барање со архивски број добива странката.
4. За 2 - 3 работни дена ќе бидете известени за матичното подрачје што ќе ви биде определено.
5. Од како ќе бидете информирани за определеното матично подрачје, брачните другари заедно со изводи од матичната книга на родените и важечки документи за иденјтификација потребно е да направите записник за склучување брак во матичното подрачје кое ќе ви биде определено и да приложите уплата на износ од 100 денари – административна такса и 50 денари за образецот на изводот од матична книга на венчаните кој ќе ви биде даден на денот на свадбата.
6. Најкасно 15 дена пред одржувањето на свадбата потребно во централата на Управата за водење на матичните книги да доставите оригинал уплатница за извршената уплата на изводот кој ви бил одреден за излегувањето на матичарот надвор од службените простории.

  • Согласно Правилнкот за начинот и висината на трошоците за склучување на брак надвор од службените простории на управата за водење на матичните книги под бр. 10-1979/1 од 16.02.2011 година, објавен во службен весник на РМ под бр.31 за 2011 година, а согласно член 3, ве известуваме дека се корегирани износите за надомест што го плаќаат странките за излегување на матичарите надвор од службените просторри за склучување на брак, подетално може да прочитате на линкот подолу:
  • Промена за начинот и висината на трошоците за склучување брак надвор од службените простории на УВМК

Дополнителни информации можете да добиете во архивата на управата за водење на матичните книги или на телефонскиот број 02/3232 614
Контакт лице за склучување брак надвор од службените простории: Катерина Битровска

Macedonian