Безготовинско плаќање на административните такси и надоместоци за документите од матичната евиденција

Управата за водење на матичните книги воведе БЕЗГОТОВИНСКО ПЛАЌАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ТАКСИ И НАДОМЕСТОЦИ за документите од матичната евиденција.

Со цел квалитетна и брза услуга за граѓаните на Република Македониуја, Управата за водење на матичните книги во подрачните одделенија и подрачните канцеларии во нејзин состав постави вкупно 41 ПОС терминали за безготовинско плаќање за добиените услуги. Така за изводите од матичните книги на родени, венчани и умрени, за уверенијата од матичната евиденција како и за уверенијата за слободна брачна состојба и плаќање на надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории, граѓаните административните такси ќе може да ги плаќаат со електронските картички Maesrto, Master Card, Visa Elektron, Visa, како и картичките за домашна употреба што се издаваат од сите домашни и странски банки.Со ваквиот начин на плаќање граѓаните се поштедуваат од плаќање на поголеми провизии при готовинско плаќање на шалтерите на банките и поштите. Воедно граѓаните побрзо ја завршуваат административната постапка за добивање на документи од матичната евиденција. Ваквата можност за плаќање на административните такси и други надоместоци за добивање на потребните документи од матичната евиденција, како и покренување на управните постапки пред Управата за водење на матичните книги, граѓаните штедат пари и време, а бараните документи ги добиваат во најкус можен рок.

Macedonian