Се известуваат сите граѓани на Скопје и околината дека, поради реновирање на објектот од страна на Министерството за информатичко општество и администрација каде што е сместена и Подрачната единица - Скопје на Управата за водење на матичните книги на Р.С.М., можат да поднесат барање за извод од матичната книга на родени, венчани и на умрени преку нашиот веб портал https://e-portal.uvmk.gov.mk/external/portalHomePage или да се обратат до поблиската Месна канцеларија на Управата за поднесување и подигнување на истите.
Почитувани посетители,
Добредојдовте на веб - страницата на Управата за водење на матичните книги, каде што можете да добиете информации за сите промени кои ќе се случуваат во врска со матичното работење.
На нашата веб - страница се наоѓаат корисни информации во врска со законската и подзаконската регулатива поврзана со матичното работење.
Искрено се надеваме дека на оваа страница ќе најдете информации кои ќе ви помогнат во вашата секојдневна работа.
Вашите коментари и предлози можeтe да ги праќате по е-пошта на адреса: contact@uvmk.gov.mk