Управа за водење на матичните книги

Почитувани посетители,

Добредојдовте на веб - страницата на Управата за водење на матичните книги, каде што можете да добиете информации за сите промени кои ќе се случуваат во врска со матичното работење.
На нашата веб - страница се наоѓаат корисни информации во врска со законската и подзаконската регулатива поврзана со матичното работење.
Искрено се надеваме дека на оваа страница ќе најдете информации кои ќе ви помогнат во вашата секојдневна работа.

Вашите коментари и предлози можeтe да ги праќате по е-пошта на адреса: contact@uvmk.gov.mk

Корекција на надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории

Почитувани,Согласно член 3 од Правилникот за начинот и висината на трошоците за склучување на брак надвор од службените простории на Управата за водење на матичните книги, а по официјално објавените податоци од Државниот завод за статистика на Република Македонија, се прави корекција на надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории.Надоместокот кој се плаќаше 3.000,00 денари сега изнесува 3102,00 денари, за надоместокот кој се наплатуваше 3.300,00 денари сега изнесува 3.402,00 денари, додека за надоместокот кој изнесуваше 6.600.00 денари сега изнесува 6.804.00 денари.

Безготовинско плаќање на административните такси и надоместоци за документите од матичната евиденција

Управата за водење на матичните книги воведе БЕЗГОТОВИНСКО ПЛАЌАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ТАКСИ И НАДОМЕСТОЦИ за документите од матичната евиденција.

Склучување на брак надвор од службените простории на УВМК

Почитувани,

Административни такси

Почитувани граѓани, Ве известуваме дека согласно измените и дополнувањата на Закон за административни такси (Службен Весник на РМ бр. 145/10) кој започна да се применува од 01.01.2011 година, aдминистративните такси се плаќаат во готови пари на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка за општината, за општините во градот Скопје и за градот Скопје на чие подрачје е извршената наплата.

Тарифник за административните такси:

Управата за водење на матичните книги во нови простории

logo na upravata

Скопје, 07 Октомври 2009

Управата за водење на матичните книги од денеска се пресели во нови простории, што се наоѓаат на приземјето на објектот “Нова Македонија” на бул.”Мито ХаџиВасилев Јасмин бб”.

Управата наскоро ќе се екипира со превземање на вработени од Министреството за правда, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, откако ќе заврши екипирањето ќе започнат и обуки за новиот кадар. Со тоа ќе се овозможи подобро разбирање на материјата од областа на матичното работење на новите превземени вработени во Управата.

Pages