Почитувани,
Денес 28.03.2018 година во просториите на мисијата ОБСЕ во Скопје, Директорот на Управата за водење на матичните книги Г-дин Бујар Дардхишта ја одржа првата работна средба со своите вработени од сите подрачни одделенија и канцеларии.
Оваа прва работна средба е од информативен карактер се со цел да се информираат вработените на Управата за престојниот јавен повик за прибирање на податоци за лицата кои не се регистрирани во матичните книги на родените и да се обучат како да постапат кога кај нив ќе се обрати лице кое не е регистрирано во матичната книга на родените. Оваа средба е прва од неколкуте работни средби кои ќе се оддржат се со цел да се зајакнат капацитетите на вработените во Управата за водење на матичните книги.