Локации на УВМК en

Почитувани граѓани, Ве известуваме дека согласно Измените и дополнувањата на Законот за матична евиденција (Службен Весник на РМ број 98/08) од 1.01.2010 година отпочна со работа Управа за водење на матичните книги, како орган во состав на Министерството за правда, со својство на правно лице. Почнувајќи од 1 јануари 2010 година, надлежноста за водење на матичната евиденција и издавањето на изводите и другите потврди од матичните книги на родените, венчаните и умрените, во согласност со Законот за матична евиденција, a која досега беше во надлежност на Министерството за внатрешни работи, ќе ја извршува Управата за водење на матичните книги преку своите 8 подрачни одделенија, 26 подрачни канцеларии и 239 месни канцеларии во руралните населени места: ПОДРАЧНИ ОДДЕЛЕНИЈА: - ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ БИТОЛА, со месни канцеларии во населените места: Рамна, Маково, Цапари, Дедебалци, Лопатица, Велушина, Кукуречани, Буково, Бач, Новаци, Суво Дол, Добрушево, Кажани, Кременица, Старавина, Могила, Дихово, Бистрица, Ивањевци, Долно Спрци; - ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС, со месни канцеларии во населените места: Богомила, Чашка, Извор, Иванковци, Долно Јаболчиште, Градско, - ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КУМАНОВО, со месни канцеларии во населените места: Клечовце, Облавце, Бајловце, Младо Нагоричане, Старо Нагоричане, Пчиња, Орашац, Умин Дол, Арбанашко, Градиште, Жегљане, Табановце, Романовце, Липково, Матејче, Слупчане, Лојане; - ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ОХРИД, со месни канцеларии во населените места: Мешеишта, Велмеј, Косел, Слатино, Сливово, Требеништа, Прентов Мост, Пештани, Белчишта; - ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СКОПЈЕ, со месни канцеларии во населените места: Ѓорче Петров, Сарај, Волково, Буковиќ, Радуша, Рашче, Кондово, Бојане, Бутел, Шуто Оризари, Сандево, Кучевиште, Љубанци, Маџари, Сингелиќ, Арачиново, Илинден, Миладиновци, Катланово, Средно Коњари, Петровец, Драчево, Ракотинци, Зелениково, Цветово, Јаболце, Студеничани; - ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СТРУМИЦА, со месни канцеларии во населените места: Куклиш, Муртино, Босилово, Турново, Ново Село, Дражево, Костурино, Мокриево, Вељуса, Василево, Добрашинци, Попчево; - ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ТЕТОВО, со месни канцеларии во населените места: Боговиње, Брвеница, Вратница, Групчин, Желино, Јагуновце, Камењане, Милетино, Непроштено, Радиовце, Речица, Седларево, Теарце, Урвич, Џепчиште, Шемшево, Шипковица, Селце; - ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ШТИП, со месни канцеларии во населените места: Радање, Долни Балван, Три Чешми, Лакавица, Драгоево. ПОДРАЧНИ КАНЦЕЛАРИИ: - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА БЕРОВО, со месни канцеларии во населените места: Будинарци, Двориште, Русиново, Владимирово, Робово, Црник; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА ВАЛАНДОВО, со месни канцеларии во населените места: Удово, Марвинци, Чалакли; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА ВИНИЦА, со месни канцеларии во населените места: Истибања, Калиманци, Драгобрашта, Лаки, Градец, Блатец; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА ГЕВГЕЛИЈА, со месни канцеларии во населените места: Нов Дојран, Негорци, Миравци, Стојаково, - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА ГОСТИВАР, со месни канцеларии во населените места: Врапчиште, Форино, Жировница, Србиново, Неготино-Полошко, Ростуше, Скудриње, Чегране, Симница, Трница, Маврови Анови, Вруток; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА ДЕБАР, со месни канцеларии во населените места: Џепиште, Косоврасти, Центар Жупа, Коџаџик; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА ДЕЛЧЕВО, со месни канцеларии во населените места: Бигла, Драмче, Тработивиште; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА ДЕМИР ХИСАР, со месни канцеларии во населените места: Жван, Смилево, Доленци; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА КАВАДАРЦИ, со месни канцеларии во населените места: Дреново, Бегниште, Крњево, Конопиште, Сирково, Росоман, Мрежичко; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА КИЧЕВО, со месни канцеларии во населените места: Зајас, Осломеј, Другово, Брждани, Цер, Челопеци, Трапчин Дол, Светорача, Извор, Јагол Доленци; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА КОЧАНИ, со месни канцеларии во населените места: Облешево, Зрновци, Оризари, Чешиново, Долни Подлог, Нивичани, Полаки, Цера, Кучичино; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА КРАТОВО, со месни канцеларии во населените места: Мушково, Крилатица, Сакулица, Шопско Рудари, Страцин, - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА КРИВА ПАЛАНКА, со месни канцеларии во населените места: Герман, Ранковци, Мождивњак, Петралица, Жидилово, Дубровница, Луке, Огут; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА КРУШЕВО, со месни канцеларии во населените места: Житоше, Бучин, Алданци, Долно Дивјаци; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА МАКЕДОНСКИ БРОД, со месни канцеларии во населените места: Ижиште, Долни Манастирец, Модриште, Самоков, Растеж; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА НЕГОТИНО, со месни канцеларии во населените места: Пепелиште, Долни Дисан; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА ПРИЛЕП, со месни канцеларии во населените места: Долнени, Кривогаштани, Старо Лагово, Дупјачани, Тополчани, Витолиште, Дуње, Дебреште, Канатларци, Мало Коњари, Воѓани, Плетвар, Тројаци, Костинци; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА ПРОБИШТИП, со месни канцеларии во населените места: Гајранци, Злетово; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА РАДОВИШ, со месни канцеларии во населените места: Конче, Подареш; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА РЕСЕН, со месни канцеларии во населените места: Царев Двор, Подмочани, Крани, Љубојно; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА СВЕТИ НИКОЛЕ, со месни канцеларии во населените места: Лозово, Ерџелија, Горобинци; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА СТРУГА, со месни канцеларии во населените места: Радолишта, Велешта, Драслаица, Вевчани, Мислодежда, Луково, Лабуништа, Јабланица, Октиси; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА ДЕМИР КАПИЈА; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА MАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА БОГДАНЦИ; - ПОДРАЧНА КАНЦЕЛАРИЈА ПЕХЧЕВО. Воедно Ве известуваме дека жиро сметката од 01.01.2010 година на која ќе се врши уплата за услугите кои ги нуди Управата за водење на матичните книги на образец ПП50 е следната: Назив и седиште на примач: Tрезорска сметка Банка на примач: Народна Банка на РМ ( НБРМ) Трансакциска сметка: 100000000063095 Сметка на буџетски корисник – eдинка корисник: 0700361360-631-10 Приходна шифра и програма: 724149-20 Повеќе информации граѓаните можат да добијат и преку следнава е-маил адреса: contact@uvmk.gov.mk Со почит, Министерство за правда Управа за водење на матичните книги