Услуги на Управата

  • : Function split() is deprecated in /home/uvmkgovm/public_html/sites/all/modules/localizer/localizer.module on line 1258.
  • warning: Creating default object from empty value in /home/uvmkgovm/public_html/sites/all/modules/localizer/taxonomy/taxonomy.module on line 1401.
Склучување на брак надвор од службените простории на УВМК  



Почитувани граѓани, согласно измените на Законот за семејство во член 26, каде е регулирано склучувањето на бракот, Управата за водење на матичните книги овозможува склучување на брак и надвор од службените простории на Управата.

Упис на новороденче и издавање на извод од матична книга на родени  

За упис на новороденче и издавање на извод од матична книга на родени (за новороденче) потребни документи се:



1. Копија од лична карта (пасош) од родителите и оригинал за проверка
2. Извод од матична книга на венчани или извод од матична книга на родени од родителите

Пријавување на брак и издавање на извод од матична книга на венчани  

За пријавување на брак и издавање на извод од матична книга на венчани потребни документи се:



1. Лична карта или пасош (за идентификација)
2. Извод од матична книга на родени од идните брачни другари
3. Барање за издавање на извод од матична книга на венчани (Барање)

Пријавување на брак кој е склучен надвор од Р. Македонија  

За пријавување на брак кој е склучен надвор од Р. Македонија потребни документи се:



1. Лична карта или пасош (за идентификација)
2. Извод од матична книга на венчаните
3. Барање за запишување на бракот
4. 50 ден. административна такса (Уплатница)

Пријавување на починато лице и издавање на извод од матична книга на умрени  

За пријавување на починато лице и издавање на извод од матична книга на умрени потребни документи се:



1. Потврда за смртта (од болница)
2. Лична карта или пасош на починатиот и на пријавителот
3. Извод од матичната книга на родените на починатиот

Издавање на уверение за слободна брачна состојба  

За издавање на уверение за слободна брачна состојба потребни документи се:



1. Лична карта или пасош (за идентификација)
2. Барање за издавање на уверение за слободна брачна состојба (Барање)
3. 50 ден. административна такса (Уплатница)

Дополнително запишување на име  

За дополнително запишување на име потребни документи се:



1. Копија од лична карта (пасош) од родителите и оригинал за проверка
2. Копија од извод од матична книга на венчани и оригинал за проверка
3. 250 ден. административна такса (Уплатница)

Дополнително запишување на починато лице  

За дополнително запишување на починато лице потребни документи се:



1. Потврда за смртта (од болница)
2. Лична карта или пасош на починатиот и на пријавителот
3. 250 ден. административна такса (Уплатница)
4. Решение за дополнително запишување на умрено лице

Признавање на татковство   

За признавање на татковство потребни документи се:



1. Копија од лична карта (пасош) од родителите и оригинал за проверка
2. Копија од извод од матична книга на родени од родителите и оригинал за проверка
3. Писмена изјава од таткото

Syndicate content